Ренова за 12 минути ја „среди“ Академија Пандев


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Ренова на градскиот стадион во Тетово славеше убедлива победа од 3:1 против Академија Пандев.

„Гипсарите“ со оваа победа се искачија на петтото место на табелата, додека струмичани и покрај поразот остануваат второпласирани.

Арџент Гафури го отвори резултатот во 27. минута од натпреварот, на 2:0 зголеми Ненад Мишковски во 36. минута, а само три минути подоцна третиот гол за Ренова го постигна поранешниот играч на Македонија ЃП, Лукас Маркос.

Почесниот погодок за Академија Пандев го постигна Ѓорѓи Марков во самата завршница од натпреварот.