Несторовски ја продолжува одличната гол форма (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Илија Несторовски продолжува во одличната форма во дресот на Палермо во настапите во Серија Б.

Македонскиот репрезентативец погоди два пати во натпреварот против Ентела кој се уште е во тек.

Првиот погодок прилепчанецот го постигна од белата точка,  додека вториот беше вистинска мајсторија од слободен удар. Со овие два гола Несторовски стигна до бројката осум, со што се искачи на второто место на листата на стрелците во Серија Б.