Јувентус славеше во дербито против Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус славеа против Милан со резултат 2:0 во дербито од 11. коло во Серија А.

Човек на одлука беше аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин кој ги постигна двата погодоци за „Старата Дама“.

Игуаин првиот гол го постигна во 23. минута по асистенцијата на Паоло Дибала. Ова беше негов јубилеен 100 гол во Серија А. Напаѓачот во второто полувреме постигна уште еден гол во 63. минута кога прецизно шутираше од работ на шеснаесетникот и го совлада Донарума.