Џирона го изненади Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид доживеаја шокантен пораз на гостувањето кај Џирона со 2:1 во рамките од 10. коло од Ла Лига.

Џирона оваа година за прв пат во историјата влезе во најдобрата шпанска лига, а ова беше прво првенствено гостување на Реал Мадрид.

Домаќините до историската победа стигнаа со пресврт. Денес лошиот и непрепознатлив Реал поведе во 12. минута со голот на Иско и тоа водство траеше се до 54. минута кога Кристиан Стуани изедначи по еден соло продор. Реал доживеа нов шок во 58. минута кога Порту со пета ја погоди мрежата на „Кралскиот клуб“.