Алрдајс отворен за преселба во Евертон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сем Алрдајс потврди дека би разгледал понуда за менаџерското место во Евертон истакнувајќи дека може да го врати тимот на посакуваните патеки.

„Сигурно ќе го разгледам тоа доколку се случи повикот. Сепак, во овој момент не треба да се шпекулира, Дејвид Ансворт во  е на таа позиција.  Ќе биде тешко за Евертон за да излезат од оваа позиција.  Не дека не се обидуваат, туку затоа што колективно не можат да постигнат гол, ниту да ја сочуваат својата мрежа. Ова се два проблеми кои  одат заедно, ако решите еден, ќе го решите и другиот“- коментираше Алрдајс за БеИн спорт.

Англискиот стратег последно беше на клупата на Кристал Палас, клуб кој го напушти по крајот на минатата сезона.