Баерн ќе носи нов напаѓач во јануари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен е во потрага по нов напаѓач кој ќе биде поддршка за Роберт Левандовски. И самиот Левандовски побарал да биде донесен нов играч од нападот во клубот.

„Во овој момент нема друга опција. Немаме друг играч на мојата позиција. Сакам да добијам малку одмор“- коментираше Левандовски.

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ потврдил дека тоа е проблем за клубот и се согласил во јануари да донесат нов напаѓач како поддршка за Роберт Левандовски.