Челси добива големо засилување пред натпреварот со Рома?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешната програма од Лигата на Шампионите е и мечот помеѓу Рома и Челси, а екипата на Конте веројатно ќе добие големо засилување за тешкото гостување на Олимпико.

Имено, тренерот на Челси на прес конференцијата пред натпреварот потврди дека Н’Голо Канте е опоравен од повредата и дека ќе биде спремен за денешниот меч.

Челси и Рома на минатиот меч одиграа 3:3, па со сигурност љубителите на фудбалот ги очекува одличен натпревар и денес.

„Канте тренираше со тимот и пред натпреварот со Бурнемоут, најважно е да разговарам со него и да видам како се чувствува“, изјави тренерот на Челси.