Бешикташ на чекор до осминафинале, Монако само со чудо до следната фаза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Бешикташ и Монако ремизираа (1:1) во првиот денешен натпревар од Лигата на Шампионите.

На Турците сега им е потребен само уште еден бод во преостанатите две кола за и математички да го заверат пласманот во следната рунда.

Монако поведе во самиот финиш на првото полувреме со голот на Рони Лопез. Кардинална грешка направи играчот на Бешикташ, Адриано кој ја подари топката пред својот гол на противникот.

Конечниот резултат го постигна Ченк Тосум од пенал во 53. минута од натпреварот.