Тотенхем го растури Реал на Вембли


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем му одржија фудбалска лекција на актуелниот европски првак победувајќи го со 3:1. Со оваа победа избраниците на Маурисио Покетино го заверија пласманот во следната фаза.

Тотенхем стигна во водство во 27. минута со голот на Деле Али. Овој погодок крена многу прашина во фудбалската јавност затоа што Киеран Трипие беше во офсајд при нафрлањето на топката до стрелецот на голот.

Веќе на стартот на вториот дел домашниот тим дојде до водство од 2:0 повторно со гол на Деле Али. Во 65. минута веќе беше 3:0. Одличната контра на Тотенхем во гол ја претвори Кристијан Ериксен.

Кристијано Роналдо во финишто на натпреварот успеа само да го ублажи поразот на противникот.

Сепак и покрај неуспехот во Англија, Реал Мадрид исто така е блиску до пласман во следната фаза со оглед на фактот што Борусија Дортмунд продолжува да бележи слаби резултати. Вечерва „Милионерите“ одиграа разочарувачко реми на домашен терен против кипарскиот претставник АПОЕЛ.