Одличен натпревар на Сан Паоло


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одличен натпревар видовме и на Сан Паоло каде Наполи и Манчестер Сити беа голгетерски расположени.

Двобојот го доби гостинскиот тим од Манчестер со 4:2. Во 21. минута Лоренцо Инсиње го отвори резултатот во корист на наполитанците.

Сепак, набрзо Манчестер Сити успеа да направи пресврт и тоа со погодоците на стоперите на тимот, Отаменди и Стоунс.

Наполи го израмни резултатот на 2:2 во 62. минута кога од пенал погоди Жоргињо. На 3:2 зголеми Серхио Агуеро во 69. минута, а конечниот резултат го постави Стерлинг.

Шахтјор најмногу профитираше од оваа победа на Сити и со своја победа над Феенорд (3:1) остана втор на табелата но ја зголеми предноста пред Наполи. Италијанците ќе имаат тешка задача да се пласираат во следната фаза со оглед на тоа што мора да слават против Шахтјор и против Феенорд, а Украинците да ги загуби двата натпревари.