Ливерпул уште еднаш убедлив против Марибор, Севилја подобра од Спартак


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул уште еднаш славеше убедлива победа против словенскиот претставник, Марибор.

Сепак, многу поразлично од гостувањето во „Људски врт“ избраниците на Клоп се мачеа во првиот дел да го најдат патот до мрежата на Хандановиќ.

Сепак, затоа во вториот дел беа многу порасположени за игра и со головите на Салах, Емре Чан и Стариџ ја заверија победата која ги лансираше на првата позиција во групата Е. Треба да се спомене и фактот дека Џејмс Милнер не успеа да реализира удар од белата точка во 54. минута.

Во вториот натпревар од оваа група Севилја славеше победа над Спартак со 2:1 и се искачи на втората позиција на табелата со два бода пред денешниот противник.