Евертон испадна уште во групната фаза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Продолжува агонијата на Евертон откако англискиот клуб со 3:0 беше декласиран на гостувањето во Франција кај Лион.

Со овој пораз избраниците на Дејвид Ансворт ги завршија настапите во второто по ранг натпреварување во Европа.  Траоре, Аурар и Депај беа стрелци на погодоците за Лион.

Во вториот натпревар од групата Е, Аталанта како гостин ремизираше со Аполон и така го сочува првото место во групата со осум бодови. Исто толку има и Лион и овие две екипи и официјално одат во следната фаза.

Виљареал во Прага стигна до важна победа и сега е на чекор до пласман во наредната фаза. Карлос Бака во 15. минута го отвори резултатот, а Дели си постигна автогол во завршницата од натпреварот и го постави конечниот резултат (0:2).

Милан и втор пат по ред не успеа да го победи грчкиот претставник АЕК. Овој пат двете екипи ремизираа во Атина играјќи здодевен натпревар без погодоци.

Резултати:

АЕК- Милан 0:0

Апопон- Аталанта 1:1

Басакшехир- Хофенхајм 1:1

Копенхаген- Злин 3:0

Локо. Москва- Шериф 1:2

Лудогорец- Брага 1:1

Лион- Евертон 3:0

М. Тел Авив- Астана 0:1

Партизан- Скендербег 2:0

Риека- Австрија Виена 1:4

Славија Прага- Вилјареал 0:2

Јанг Бојс- Динамо Киев 0:1