Милевски го објави списокот за натпреварот против Австрија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар против Австрија кој ќе се игра на 14. ноември на националната арена „Филип Втори“.

Нашите репрезентативци што побрзо мора да го заборават срамниот пораз против Гибралтар и со победа да се вратат во игра за пласман на континенталниот собир во Италија.

На списокот ги нема Елиф Елмас кој е повикан за у19 репрезентацијата на Македонија, додека Никола Ѓорѓев доби повик во сениорскиот тим.

Затоа Милевски повика четворица дебитанти за натпреварот со Австрија. Голманите Ристе Јанков и Филип Трајчевски, фудбалерот на Работнички, Нехар Садики и напаѓачот на хрватскиот второлигаш Дугопоље, Влатко Стојановски.