Конте: „Јас сакам притисок, роден сум со него“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во недела не очекува големото англиско дерби помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед. Овој натпревар би можел да одлучи за судбината на тренерот на актуелниот шампион на Англија, Антонио Конте.

На големо се шпекулира во Англија дека Абрамовиќ веќе го подготвил отказот за Антонио Конте. Челси беше растурен од Рома во Лигата на шампионите, а наводно тоа ја прелеало чашата и рускиот тајкун веќе е во потрага по евентуални наследници за Италијанецот.

Од Челси се очекуваше многу повеќе оваа сезона, но клубот од Лондон заостанува дури девет бодови зад Манчестер Сити, а веќе два натпревари со ред не знае за успех ни во Лигата на шампионите.

Пред Челси во недела има тежок испит затоа што на гости им доаѓа Манчестер Јунајтед со Жозе Мурињо. „Ѓаволите“ играат далеку подобро оваа сезона, па се очекува да гледаме еден доста цврст натпревар, ни малку сличен на минатогодишниот кога Челси буквално го „здроби“ клубот од Манчестер со 4:0.

Запрашан дали чувствува притисок пред натпреварот, Антонио Конте истакна: „Притисок? Јас го сакам притисокот, роден сум под притисок. И минатата сезона го имаше истиот притисок, зошто ако сакате да останете на врвот мора да победувате“.