Челси поуспешен во дербито, конечно победа на Евертон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алваро Мората го постигна единствениот погодок на дерби средбата одиграна на „Стемфорд Бриџ“ со што обезбеди три бода за Челси и го доближи тимот на еден бод до денешниот ривал.

Ова беше седмата победа за Конте оваа сезона. Во овој момент Челси има 22 бода и се наоѓа на четвртата позиција на табелата.

Моментот на одлука падна во 55. минута кога Алваро Мората со одличен удар со глава го совлада Де Геа.

Евертон во еден одличен натпревар конечно забележа победа од 3:2 против тимот на Вотфорд. Избраниците на Марко Силва водеа со 0:2, но Евертон со головите на Ниасе, Калверт Луин и Бејнс ја донесоа и повеќе од потребната победа за клубот.