За малку сензација во Торино


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бенвенто по 11 порази по ред водеше на полувреме против Јувентус во Торино, но Игуаин и Квадрадо во продолжение спречија вистинска сензација. Кикс по подолго време имаше Наполи, додека Рома славеше во голеадата во Фиренца против Фиорентина (2:4).

Актуелниот шампион на Италија за малку ќе изгубеше од Бенвенто на прославата на 120. роденден на клубот.

Гостинскиот тим со голот на Амато Чичирети од слободен удар стигна до водство во 19. минута. До крајот на полувремето Бенвенто успешно се бранеше и на пауза замина со предност.

Бункерот на Роберто де Черби издржа до 58. минута кога една повратна топка во мрежата на Бенвенто ја смести Гонзало Игуаин. Пресвртот го заокружи Хуан Квадрадо со нов гол во 66. минута.

Резултати:

Интер- Торино 1:1

Каљари- Верона 2:1

Киево- Наполи 0:0

Фиорентина- Рома 2:4

Јувентус- Бенвенто 2:1

Аталанта- СПАЛ 1:1