Го извади дресот и предизвика хаос (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден непромислен гест може да предизвика вистински хаос, непосакувана лавина, некогаш за жал со тешки последици. До такви последици за среќа не дојде на натпреварот Сент Етјен- Лион кој заврши во корист на гостите со пет голови разлика.

За се беше „виновен“ играчот на Лион, Набил Фекир кој својот втор погодок, петти на натпреварот го прослави така што во стилот на Меси го извади дресот и го покажа кон фановите на домашниот тим. Судијата веднаш му пријде и му нареди да престане да провоцира, но веќе беше доцна.

Тоа беше иницијална каписла домашните навивачи масовно да влезат на теренот и да дивеат по фудбалерите на Лион. За среќа брзата интервенција на редарите спречи поголем инцидент. Натпреварот беше во прекин цели 30 минути, по што се расчисти ситуацијата и на крајот се доиграа преостанатите пет минути.