Ново засилување за МЗТ Скопје


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Ѓорѓе Мајсторовиќ е најново име во редовите на МЗТ Скопје.

27 годишниот кошаркар има големо искуство зад себе, а минатата сезона ги бранеше боите на белградскиот гигант Партизан.

Мајсторовиќ настапува на центарската позиција и треба да претставува засилување за аеродромци под кошевите. Во досегашната кариера играл во редовите на Смедерево, Хелиос и Металац од Ваљево.