Започна продажбата на влезниците за настапите на македонската репрезентација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Фудбалската федерација на Македонија денес објавија дека стартувала продажбата на влезници за натпреварот Македонија- Норвешка, како и за квалификацискиот натпревар на младата репрезентација против соодветната селекција на Австрија.

Цените на билетите за натпреварот на сениорската репрезентација се движат од 100 до 150 денари, а истите може да се набават преку продажната мрежа на mktickets. Натпреварот се игра на 11 ноември, на националната арена „Филип Втори“.

На истиот стадион три дена подоцна доста важен натпревар ќе одигра македонската млада репрезентација,а билетите за тој натпревар се по цена од 100 денари.

Купи билет и бодри ја Македонија!