АТП : Надал ја дочекува новата година на врвот, Ѓоковиќ најлош по десет години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прв во светот на најновата АТП листа е Шпанецот Рафаел Надал, а таму и ќе остане до крајот на годината. На втората позиција е Роџер Федерер, а потоа следуваат младите надежи Александар Зверев и Доминики Тим кој се искачи две позиции нагори и сега е четврти.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е на 12. позиција, што претставува најлошата позиција уште од 5 март 2007 година кога беше на 13. позиција.

Британскиот тенисер Енди Мареј има слободен пад од тринаесет позиции на АТП листата и сега е на 16тот место.