Продолжува „ремонтот“ на МЗТ, Павличевиќ нов играч на аеродромци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црногорскиот кошаркар Никола Павличевиќ е нов кошаркар на МЗТ Скопје. 29 годишниот плејмејкер се обврза на договор со „металците“ до крајот на сезоната.

Павличевиќ минатата сезона беше дел од унгарски Солонок, а летово беше дел и од репрезентацијата на Црна Гора која настапи на Европското првенство.

Црногорецот има богато искуство зад себе, а во кариерата ги бранел боите на Унион Олимпија, Сутјеска, Лвќен и Халман Виена. Павличевиќ доаѓа на местото на Брет Бејли на кого му заврши тримесечниот договор со МЗТ Скопје.