Манасков со одличен натпревар за Веспрем


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков имаше одличен настап на натпреварот против Балатонфуреди во рамките од унгарскиот шампионат кој Веспрем очекувано го доби убедливо со 39:25.

Манасков постигна вкупно девет погодоци на средбата и беше најуспешниот поединец на паркетот.  Маргуч натпреварот го заврши со седум реализирани удари, додека Аншин пет пати беше прецизен. Кај гостинскиот тим Хорнјак беше најефикасен со пет голови.

Следен предизвик за Веспрем е дерби пресметката против ПСЖ во рамките од Лигата на шампионите.