Судија во Хрватска спречи трагедија (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Цибалија и Истра се сретнаа во меч од четвртифналето од Купот на Хрватска, а победник од дуелот излезе гостинскиот тим на Истра (2:3). Творци на головите беа нашите интернационалци Томе Китановски и Ристо Митревски. Китановски еднаш асистираше, а Митревски пак ја затресе мрежата на Цибалија од удар од белата точка.

Сепак, за жал, головите не беа главното нешто што го обележа овој натпревар. Имено, играчот на Цибалија, Филиповиќ при еден контакт со Миличевиќ остана да лежи на тревата без свест.

Во тој момент настана паника, а најприсебен меѓу сите беше главниот судија Бруно Мариќ кој на 21 годишниот фудбалер му го извади јазикот за да спречи гушење.

„За среќа бев блиску, на метар од играчот кој падна. Доби силен удар во главата. Веднаш видов дека се гуши. Останав мирен бидејќи имам поминато таква обука на семинар, судам цел живот и знам што мора да направам во таква ситуација. Му го извадив јазикот. Речиси ми го одгриза прстот, но ни успеа. Не можам да ви го опишам чувството кога младиот играч ги отвори очите. Играч на Истра дојде до мене и сите се прегрнавме. Филиповиќ ми се заблагодари што му го спасив животот. Фудбалот понекогаш пишува приказни кои се многу поважни од играта и од резултатите“- истакна Бруно Мариќ.

Бруно Мариќ е познат во хрватската јавност по заканите за смрт кои ги доби од навивачите на Хајдук.