Во Атлетико незадоволни од Гризман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челниците на Атлетико Мадрид наводно се многу незадоволни од игрите кои оваа сезона ги има нивниот напаѓач, Антоан Гризман.

Како што пишуваат некои шпански медиуми, управата на „Јорганџиите“ веќе го губи трпението кога во прашање е францускиот фудбалер.

Гризман ова лето потпиша нов договор со Атлетико Мадрид, во кој цената од 100 му порасна на 200 милиони евра, а шпанските медиуми тврдат дека на крајот на оваа сезона сепак може да ја прекинат соработката.

Во јануари завршува трансфер забраната за Атлетико и веќе договорените Витоло и Диего Коста ќе добијат шанса за настап со што значително ќе го зајакнат нападот на клубот кој од оваа сезона настапува на новиот стадион „Ванда Метрополитано“.