Швајцарија со голема предност пред реваншот со Северна Ирска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Швајцарија забележа минимална но многу важна победа на гостувањето кај Северна Ирска со 0:1.

Во еден не толку интересен натпревар Швајцарците ја имаа доминацијата на теренот и заслужено ја однесоа победата.

Стрелец на единствениот погодок за тимот предводен од Владимир Петковиќ беше Рикардо Родригез со гол од белата точка. На пеналот му претходеше играње со рака на Кори Еванс во својот шеснаесетник.

Реванш средбата помеѓу овие две репрезентации на програмата е за три дена.