БРАВО МОМЦИ: Младите репрезентативци ја победија и Белгија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската репрезентација до 19 години се пласираше во Елитната фаза квалификации за пласман на Европското првенство.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ со 2:1 славеше против фаворизираната селекција на Белгија и со две победи обезбеди пласман во елитните квалификации.

Нашите надежи за прв пат во историјата на нашиот младински фудбал до 19 години ќе играат квалификации за пласман на континенталниот собир.

Белгија подобро го отвори натпреварот и уште по 10. минути имаше предност од 1:0. Стрелец на погодокот беше играчот на Андерлехт, Фулон.

Нашите репрезентативци се вратија во игра во 24. минута кога Елиф Елмас со глава ја затресе мрежата на гостите. Дарко Чурлинов во финишот на средбата изнуди пенал кој го реализира Јани Атанасов за голема победа на нашата репрезентација.