Познати последните патници од Африка на СП во Русија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Познати се и последните два патника од Африка на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Русија.

Тоа се репрезентациите на Тунис и Мароко. Тунис пласманот на Мундијалот го обезбеди со ремито против Либија (0:0), па победата на Конго против Гвинеја не значеше многу зошто останаа на втората позиција во групата со бод помалку.

Мароко во директниот натпревар за првото место славеше против Брегот на Слоновата Коска со 2:0. Стрелци на головите беа Диара и Бенатија.

Од претходно пласман во Русија од Африка обезбедија Нигерија, Сенегал и Египет.