Ноќ за паметење за Лонцо Бол


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Синоќа на програмата беа 11 натпревари од НБА Лигата, а најголемото изненадување го приреди Феникс Санс кој со 118:110 славеше против Минесота.

Голден Стејт прилично лесно дојдоа до својата шеста по ред победа во натпревар против Филаделфија (135:114). Кевин Дурант се врати на паркетот и забележа 29 поени на кои додаде четири скока и четири асистенции. Томпсон мечот го заврши со 23 поени, додека Кари имаше еден помалку. Џеј Џеј Редик со 17 коша беше најпрецизен во таборот на Филаделфија.

Феникс Санс во Аризона славеше против Минесота. Феникс на крилата Ти Џеј Ворен и Дејвин Букер кои завршија со по 35 поени забележаа голема победа по неколку последователни порази.

Лос Анџелес Лејкерс беше поразен од Милвоки со 98:90, но партија за паметење одигра младиот Лонцо Бол кој имаше трипл-дабл учинок со 19 поени, 13 асистенции и 12 скокови со што стана најмладиот играч кој остварил ваков учинок во историјата.

Резултати:

Њу Орлеанс- ЛА Клиперс 111:103

Вашингтон- Атланта 113:94

Њујорк- Сакраменто 119:91

Хјустон- Мемфис 111:96

Далас- Кливленд 104:111

Голден Стејт- Филаделфија 135:114

Сан Антонио- Чикаго 133:94

Милвоки- ЛА Лејкерс 98:90

Денвер- Орландо 125:107

Минесота- Феникс 110:118

Јута- Бруклин 114:106