Вентура заминува од Италија и да изборат пласман на Мундијалот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Чуден тренд се појави во светскиот фудбал, селекторите кои со своите селекции обезбедија пласман на Светското првенство добиваат отказ. Тоа беше случај со Берт ван Марвик и со Славољуб Муслин, а следен може да биде и Џан Пјеро Вентура.

Саудиска Арабија го отпушти Берт ван Марвик и покрај тоа што овој ги однесе на Мундијалот во Русија. Причина за тоа е што Холанѓанецот не ги прифатил условите на федерацијата на оваа држава меѓу кои и услов постојано да живее во оваа земја. Србија и покрај директниот пласман во Русија му врачи отказ на Славољуб Муслин, а следен на списокот би можел да биде и селекторот на репрезентацијата на Италија.

Пласманот на Италија на Светското првенство е под знак прашалник со оглед на тоа што Азурите претрпеа пораз во првиот бараж натпревар против репрезентацијата на Шведска (1:0). На „Сан Сиро“ во вторник Италија ќе се обиде да стигне до мундијалска виза, но и да се случи тоа во Русија оваа репрезентација нема да биде водена од Вентура.

Се погласни се шпекулациите дека Италијанскиот фудбалски сојуз, но и играчите се незадоволни од работата на поранешниот тренер на Торнио.

Еден од можните наследници на Вентура на клупата на Италија е Карло Анчелоти кој е познат по тоа што досега никогаш не бил селектор на некоја репрезентација.