Сосема очекувано: Хрватска се пласираше на Светското првенство

0

Репрезентацијата на Хрватска се пласираше на Светското првенство во Русија откако на гостински терен одигра реми без голови со селекцијата на Грција.

Со ова реми избраниците на Златко Далиќ ја сочуваа предноста од 4:1 која ја стекнаа во првиот натпревар.

Хрватска на 1. декември од третиот ќе ги очекува противниците за групната фаза на Мундијалот шешир.

Хрватска досега има настапувано на Светските првенства во 1998, 2002, 2006 и 2014 година. Најголем успех за нив е третото место од 1998 година кога шампион беше репрезентацијата на Бразил.

Share.