Меси пронајде совршена замена за Ракитиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На средниот ред на Барселона и треба освежување, а Лионел Меси најдобро го знае тоа.

Андрес Иниеста има 33 години, додека Иван Ракитиќ 29 и на нив им треба некој помлад во везниот ред.

Неколку играчи би можеле да се вклопат во стилот на играта на Барселона и се сметаат на наследниот на Ракитиќ.

Се споменува Германецот Леон Горецка од екипата на Шалке, но шпанскиот Дон Балон тврди дека авторитетнот Меси има други замисли и дека Деле Али би бил идеален избор.

На сите им е познато дека англискиот репрезентативец игра клучна улога во Тотенхем.

Има само 21 година и совршени би го заменил Ракитиќ.

Неговото потпишување не би било лесно и доколку се случи би бил тежок удар за Реал Мадрид, кој има голема желба да го купи.

Барса има големи очекувања за наредниот летен преоден рок, пред се тоа се Деле Али, Филипе Кутињо од Ливерпул како и Антоан Гризман од Атлетико.