Не мрда од Сицилија: Несторовски го продолжи договорот со Палермо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец по низата шпекулации за менување на средината сепак се одлучи да го продолжи договорот со тимот на Палермо.

За Илија Несторовски имаше интерес од многу екипи од најдобрите пет светски лиги, но напаѓачот остана верен на тимот кој му даде шанса да се покаже и докаже во светскиот фудбал.

„Среќен сум и задоволен што го продолжив договорот со клубот кој ми даде самодоверба, ми дозволи да играм во Серија А и ми ја даде честа да бидам капитен на целиот тим. Му се заблагодарувам на Мауруцио Зампарини и на целиот персонал. Како што отсекогаш велам, сакам да му помогнам на тимот да се врати онаму каде што припаѓа, во Серија А“- коментираше Несторовски веднаш по потпишувањето на одговорното.