Мекиќ го напушти МЗТ Скопје


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младиот кошаркар Адем Мекиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје откако по негово барање доби спогодбен раскин на соработката.

Мекиќ во потрага по поголема минутажа сам побара да замине, а од клубот му излегоа во пресрет и денес беше потпишано раскинувањето на договорот.

Поранешниот член на КК Вардар во сино белиот дрес годинава настапи на четири средби во АБА Лигата на кои имаше просек од три поени по натпревар.

Се шпекулира дека Мекиќ кариерата ќе ја продолжи во редовите на КК Куманово.