Сензација: Шведска ја елиминираше Италија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Шведска се пласираше на Светското првенство откако избори реми на гостувањето во Италија (0:0).

Репрезентацијата на Италија од првата минута тргна на се или ништо, но првата шанса ја имаа гостите, на кои судијата не им досуди чист пенал во 13. минута. Но тоа беше се од Швеѓаните на овој натпревар. Италија константно напаѓаше, но до крајот не успеа да постигне погодок.

Шансите пред голот на Шведска се редеа, но голманот Олсен веројатно ја имаше најдобрата ноќ во кариерата. Во судиското продолжение шпанскиот судија Лахоз повторно не покажа на белата точка, овој пат за Италија, па мечот заврши без победник 0:0.

Шведска се пласираше на Светското првенство во Русија, додека Италија по многу долго време нема да се најде на едно големо натпреварување.

Речиси е извесно дека ова беше последниот настап за Џиџи Буфон за репрезентацијата на Италија.