Барса и Атлетико го договорија трансферот на Гризман?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Антоан Гризман веројатно ќе ги напушти редовите на Атлетико Мадрид.

Тој минатото лето беше на мета на многу клубови, но одлучи да остане во Атлетико, бидејќи шпанскиот клуб поради суспензија не можете да доведува нови играчи.

Сепак, суспензијата истекува на почетокот на 2018. година, а шпанските медиуми шпекулираат дека Гризман веќе во јануари може да ја промени средината.

Иако за него голем интерес покажа Манчестер Јунајтед, неодамна се појави шпекулација дека францускиот напаѓач сака да оди во Барселона.

Каталонскиот клуб сака веќе во преодниот рок да го доведе Гризман во своите редов, а наводно овој трансфер веќе е договорен.

Гризман би требало да потпише 5 годишен договор, според кој ги заработувал 20 милиони евра годишно.

Сепак, ќе треба да почекаме да видиме дали овие шпекулации ќе станат вистина.