Вентура се испокарал со играчите, па побегнал од хотелот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првпат после 1958 година репрезентацијата на Италија не успеа да се пласира на Светското првенство што ќе се одржи во Русија.

Голема катастрофа за италијанскиот фудбал се случи синоќа на Сан Сиро. Навивачите до последниот момент веруваа дека нивниот тим може да ги промени работите, но на крајот ништо не се случи.

Цехот веројатно ќе го плати селекторот на репрезентацијата Вентура, кој денес сигурно е најомразена личност во Италија.

После натпреварот на прес конференцијата главно прашање беше дали Вентура ќе си поднесе оставка или барем ќе проба да си го сочува достоинството, меѓутоа тој порача дека не размислува на оставка и дека се ќе биде јасно откако ќе разговара со челните луѓе во федерацијата.

Медиумите во Италија пренесуваат дека играчите жестоко се испокарале со Вентура и барале од него да ја напушти репрезентацијата. Тој тоа го одбил и порачал дека наредното утро ќе се огласи, но тој тоа не го испочитувал бидејќи наредното утро побегнал од хотелот, користејќи спореден влез.