Се пласираа на Светското првенство а веќе сменија двајца тренери


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Саудиска Арабија по 12 години ќе учествува на Светското првенство, но останува отворено прашањето кој ќе ги води на Мундијалот.

Најпрво Берт ван Марвик заработи отказ и покрај тоа што триумфално ги заврши азиските квалификации. Холанѓанецот одби перманентно да се пресели во Саудиска Арабија и за тоа заработи отказ, а неговиот наследник Едгард Бауза го чекаше истата судбина.

Аргентинските медиуми пренесуваат дека Бауза е отпуштен по само пет натпревари на клупата на оваа репрезентација која ја презеде во месец септември.

Доколку во овие шпекулации има вистина Саудиска Арабија ќе треба да го бара третиот селектор по пласманот на Светското првенство.