Данска со пет гола во мрежата на Ирска си обезбеди пласман на Мундијалот

November 14th, 2017 | by Pavel Kotaleski
Данска со пет гола во мрежата на Ирска си обезбеди пласман на Мундијалот
Светско првенство
0

Репрезентацијата на Данска е последниот европски учесник на Светското првенство што наредната година ќе се одржи во Русија.

Данците вечерва во Даблин ја прегазија домашната селекција на Ирска со 5:1.

Домаќините поведоа преку Шејн Дафи уште во 6. минута и тогаш никој не ни погодуваше што ќе се случи следно. Гостите брзо се вратија во игра и во 29. минута го израмнија резултатот преку Кристијансен.

Потоа следеше симултанка на Кристијан Ериксен. Најпрво во 32. минута доби пас од Јоргенсен и со фантастичен удар го матираше Рендолф. Во 63. минута Ериксен постигна уште поубав погодок за 3:1. Хет трикот фудбалерот на Тотенхем го заокружи во 74. минута, а конечните 5:1 ги постави Никлас Бендтнер од пенал во 90. минута.

Comments are closed.