Погба спремен, следната недела на теренот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањата на англиските медиуми, Пол Погба се опоравил од повредите на задната ложа и набрзо повторно ќе му биде на располагање на Мурињо.

Францускиот фудбалер заработи повреда на 12.септември во мечот од ЛШ против Базел, а иако најпрво најавено беше дека неговото „боледување“ ќе трае шест недели, излезе дека е повеќе од осум.

Телеграф извести дека Пол се чуствуа добро, но нема да биде во  конкуренција за претстојниот натпревар против Њукасл, туку наредната седмица.

Така одлучи Мурињо, за да му овозможи на Погба подобро да се опорави. Пред повредата Пол играше добро и беше во форма, постигна два погодока и впиша две асистенции во четири натпревари.