Видео: Каков смешен кикс голманот на САД


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентациите на Португалија и САД синоќа одиграа пријателски натпревар кој заврши без победник, 1:1.

Американците против резервистите на Португалија стигнаа до предност со голот на МекКени во 21. минута од натпреварот, а десет минути подоцна Антунеш изедначи. На крајот тоа се покажа како конечен резултат.

При израмнувачкиот гол на Португалија голем кикс направи голманот на САД, Итан Хорват. Антунеш нафрли, топката одеше директно кон голот, а голманот наместо мирно да ја фати во раце, ја пропушти и низ неговите нозе таа заврши во мрежата. Овој гаф ја кошташе репрезентацијата на САД сигурна победа.