Миле Јединак ја однесе Австралија на Мундијалот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Австралија обезбеди учество на Светското првенство во Русија по победата над Хондурас од 3:1 во возвратниот натпревар од интернационалната бараж средба.

„Кенгурите“ по учествата на Мундијалите во Германија, Јужна Африка и Бразил ќе ги гледаме и на првенството во Русија.

Австралија во реванш мечот го совлада Хондурас најмногу благодарение на Миле Јединак кој беше стрелец на сите три погодоци.

Австралијанците станаа редовни учесници на најголемата светска фудбалска смотра откако во 2006 година ја напуштија Фудбалската конфедерација на Океанија и преминаа во Азија играјќи во азиските квалификации.

Квалификациите за претходните две Светски првенства успешно ги поминаа уште во групната фаза, а оваа година мораа прво да го поминат баражот во Азија каде ја елиминираа Сирија, а потоа во интернационалниот бараж каде исто така беа поуспешни од Хондурас.