Договор падна: Познати се деталите од договорот меѓу Погба и Јунајтед


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пол Погба конечно треба да стане нов/стар играч на Манчестер Јунајтед.

Имено, во јавноста се појавија информации од договорот ској треба да го потпишат Французинот и Ѓаволите.

Погба Ѓаволите треба да ги чини 110 милиони евра, а од тоа цели 10 милиони ќе одат на неговиот менаџер Мино Раиола, додека Старата дама ќе добие 100 милиони евра.

Тој верност со Јунајтед ќе потпише до 2021 година, а по сезона треба да заработува 20 милиони евра, 14 милиони плата, а останатото од спонзори и можни бонуси.

Денеска се очекува неговото појавување на лекарски прегледи, додека потпис на договор треба да биде во понеделник.