Официјално: Вентура заработи отказ од Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џан Пиеро Вентура и официјално заработи отказ по неочекуваната елиминација од Шведска во бараж средбите за Светското првенство.

Италијанците беа во група со нашата репрезентација и завршија на втората позиција веднаш зад Шпанија. Таквиот пласман им обезбеди само бараж средба со Шведска во која Азурите беа апсолутни фаворити.

Сепак, на двомечот поуспешна беше Шведска, а многумина како главен виновник го посочија Вентура кој направи некои непромислени потези на оваа средба.

Италијанската фудбалска федерација веќе стапила во контакт со Карло Анчелоти за селекторската позиција.