Мурињо смета дека е навиен што го пуштил својот фудбалер, погледнете за кој се работи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Хосе Мурињо е многу лут на селекторот на репрезентацијата на Англија, поради тоа што го стави во прва постава неговиот фудбалер Фил Џонс на мечот против Германија.

Џонс константно има проблеми со повредите и е еден од играчите кој не може да врзи неколку месеци без повреди.

Тој во последно време има проблем со бутните мускули, но селекторот на Англија, Саутгејт и без обзир на тоа го повика во репрезентацијата и му даде прилика да игра од првата минута.

Веќе после 25 минути игра Фил мораше да излезе од игра поради повреда, а тоа го разбезни Мурињо.

„Не можам да поверувам дека играч кој има проблеми со повреда, мора да игра на пријателски меч. Фил Џонс има проблеми веќе три недели и е спречен да игра за клубот“, изјави Мурињо и додаде дека е излегол наивен затоа што го пуштил Џонс во репрезентацијата. Да потсетиме, Јунајтед  наредниот меч го игра против Њукасл, а за сега не се знае дали Џонс ќе биде спремен за натпреварот.