Одличен потег на Даниеле Де Роси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведските фудбалери по враќањето во својата земја на новинарите им раскажаа каков потег направил италијанскиот репрезентативец, Даниеле Де Роси.

Фудбалерот на Рома пред заминувањето на фудбалерите од Сан Сиро, влегол во автобусот на Шведска и им се извинил затоа што навивачите им свиреа на химната.

„Ни го честита пласманот и ни се извини поради однесувањето на некои играчи во Стокхолм (во првиот натпревар) и за свирењето на нашата химна во Милано“- коментираше репрезентативецот на Шведска, Понтус Јансон.

Соиграчот на Алиоски од Лидс додаде дека сите во автобусот биле во неверица по ваквиот потег на Де Роси.

„Во автобусот завладеа неверување. Сите реагиравме: „Дали ова навистина се случи?“ тоа беше еден од најубавите моменти. Каков господин!“- завршин Јансон.

Претходно потег за респект направи и Џиџи Буфон кој силно аплаудираше на химната на Шведска додека навивачите на Италија ја исвиркуваа истата.