Бурно во Дортмунд: Обамејанг исфрлен од тимот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобриот играч на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг нема да биде во комбинација за настап на утрешниот натпревар против Штутгарт во рамките од 12. коло од Бундеслигата.

Еден од фановите на клубот на Твитер профилот запраша зошто Обамејанг не е во составот за утрешниот натпревар, а од официјалната страна на оваа социјална мрежа му одговорија дека Габонецот го нема во тимот поради дисциплински причини.

Германските медиуми пишуваат дека се уште не се знае причината за дисциплинската суспензија која клубот му ја изрече на нивниот најдобар играч.

Обамејанг е најдобар стрелец кај „милионерите“ оваа сезона со десет погодоци, но е во голгетерска криза затоа што нема постигнато гол уште од 14. октомври од натпреварот против Лајпциг.