Ветувањето на Кедира кон Буфон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот фудбалер на Јувентус, Сами Кедира, му вети на својот клупски соиграч Џанлуиџи Буфон дека ќе ја освојат Лигата на Шампионите оваа сезона.

„Не можам да кажам дека сум среќен. Ги видовме солзите на Буфон, тоа повреди многумина, како Италијаците, така и сите други. Буфон е голем спортист, жива легенда“, рече Кидира за германскиот „Билд“.

Италија после 60 години нема да учествува на Светско првенство во фудбал, а Буфон не можеше да ги сокрие солзите и воопшто своите емоциии пред камерата после елиминацијата во баражот.

За Буфон ова беше последен натпревар во дресот на репрезентацијата на Италија.

„Се надевав дека ќе игра на тој турнир. Тажен сум поради својот соиграч и поради репрезентацијата на Италија. Му напишав порака. Единствено што му недостига е еден трофеј, Лигата на шампионите и ќе му помогнеме да го освои“, додаде Кедира.