Уште еден Хрват во Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Украина, хрватскиот репрезентативец Домагој Вида ќе го направи трансферот на кариерата.

Спортскиот новинар од оваа земја, Валериј Пригорнитски тврди дека Вида следното лето ќе го напушти Динамо Киев, а на маса веќе има одлични договори од Милан и Евертон.

Договорот на Вида со Динамо Киев истекува следното лето, а веќе во јануари играчот ќе може да преговара со клубовите за негов трансфер како слободен играч следното лето. Милан и Евертон не се единствените, но се најсериозните кандидати за неговиот потпис.

Моменталната цена играчот од одбраната се проценува на околу девет милиони евра.