По Матиќ уште еден фудбалер на Челси во Манчестер Јунајтед?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според пишувањето на англиските медиуми многу лесно може да се случи уште еден трансфер на релација Челси- Манчестер Јунајтед.

По Немања Матиќ, на „Олд Трафорд“ постои можност да се пресели дефанзивецот на сините, Давид Луиз.

Бразилецот е незадоволен со односот кој го има со менаџерот на тимот, Антонио Конте и побарал да замине од клубот уште во јануари. Сериозен интерес за Давид Луиз има и од редовите на Реал Мадрид.

Сепак, се поставува прашањето дали на Манчестер Јунајтед им е потребен искусниот стопер со оглед на фактот што на таа позиција Мурињо ги има Бејли, Џонс, Смолинг, Линделоф, а како опција се и Рохо кој полека се враќа од повредата и Блинд кој не ретко има играно на левата стоперска страна.