Шампионскиот болид на Шумахер од 2001 продаден за 7,5 милиони долари

0

Болидот „Ферари Ф2001“ на славниот Ф1 возач Михаел Шумахер е продаден на аукција за 7,5 милиони долари, објави аукциската куќа Сотбис. Настанот се случил во Њујорк како дел од вечерна аукција за современо искуство.

Претходните очекувања беа дека болидот со кој легендарниот Германец ја освои четвртата светска титла во Формула 1 ќе биде продаден за нешто над 4 милиони долари. Затоа сумата од 7,5 милиони долари претставува рекорд за современ болид на Ф1.

Инаку, од компанијата објавија дека тоа е шасијата 211, со која Шумахер победи на Големата награда на Унгарија и си ја обезбеди титулата уште во средината на август. Истата шасија е користена и за стартот во Монако, кога Германецот ја обезбеди последната, петта победа по улиците на Кнежеството.

Share.